Транспарентна електронска кожа која самата заздравува

Научниците од NUS (националниот универзитет во Сингапур) инспирирани од подводните безрбетници како медузите креирале електронска кожа со слична функционалност.



Како и медузите, оваа кожа е транспарентна, чувствителна на допир, самата заздравува во водено опкружување и е растеглива, а може да се користи за сè од водоотпорни екрани чувствителни на допир до водени меки роботи.

Тимот воден од асистент професорот на одделот за инженеринг и наука за материјалите на NUS , Бенџамин Ти, во колаборација со универзитетот Риверсајд во Калифорнија и универзитетот Цинхуа во Пекинг поминале над една година развивајќи го овој нов материјал,

Бенџамин бил дел од тимот кој ги развил првите сензори за самозаздравувачка електронска кожа во 2012-та. За да се направи кожата, прво бил креиран гел од флуоројаглероден полимер со јонска течност богата со флуор, комбинација која го овозможува самозаздравувањето.



Она што го прави овој материјал различен од повеќето други кондуктивни полимерски гелови (како хидрогеловите) е тоа што не набабрува кога се потопува во вода и не се суши кога е долго време на воздух, туку ја задржува формата и во влажни и во суви опкружувања.

Електронската кожа е креирана со 3D принтање на новиот материјал во електронски кола. Mоментално, тимот истражувачи се надева дека ќе го усовршат овој материјал кој во почетокот би се користел за создавање на уреди кои емитуваат, востановуваат и контролираат светлина и кои би се употребувале во комуникациски интерфејси помеѓу луѓето и машините.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...