Во длабочините на Маријанскиот ров откриена бактерија која се храни со нафта

Маријанскиот ров е најдлабокиот природен океански ров чија најдлабока точка е скоро 11 километри.

Досегашната најсеопфатната микробиолошка анализа покажала дека таму постои нов вид на бактерија која се храни со состојки слични на оние кои ги има во нафтата. Научниците досега имаат откриено слични организми, но никогаш на оваа длабочина.

Концентрациите на овој микробен планктон биле пронајдени на длабочини каде притисокот е еквивалентен на еден тон притиснат врз нокт.

Се работи за нова група јаглеводородно-разградувачка бактерии. Ваквите видови на микроорганизми во суштина се хранат со соединенија слични на оние од нафтата, кои потоа ги користат за гориво т.е за преживување. Слични такви организми играле и улога во деградирање на истечената нафта од разни катастрофи како онаа на BP во 2010 во Мексиканскиот залив.



Без разлика дали еден ден ќе успееме да ги „регрутираме“ ваквите организми за чистење на истечената нафта, истражувачите се повеќе заинтересирани како овие бактерии се хранат толку длабоко под вода и што се храни со нив.

Било откриено дека јаглеводородите постојат и на длабочини од 6 километри од кои значаен дел потекнуваат од површинското загадување на океаните, но исто така биле идентификувани биолошки создадени јаглеводороди во океанскиот седимент на дното на Маријанскиот ров.

Следниот чекор ќе биде да се соберат повеќе информации за нив и од каде би можела да потекнува нивната храна – поточно од кои природни или неприродни извори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Светски научници се собрале да тестираат кој е најјак алкохолен пијалак. За експериментот зеле 3 глувчиња, на првото му дале текила, на второто вотка, а на третото ракија....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1807.- Во Ница, е роден Џузепе Гарибалди,...
1826.- Умре Томас Џеферсон, трет претседател на...
1884.- Во знак на сеќавање на раѓањето на САД на...
1934.- Во Париз умре Марија Кири-Склодовска,...