Нов уред може да убива 99.9% од воздушно пренесуваните вируси

Нов вид на филтер за воздух има потенцијал да работи побрзо и да е поефтин и подобар од другите, убивајќи ги практично сите бактерии и вируси во воздухот за дел од секунда.

Новиот уред не само што е ефективен во убивање на вируси, туку може и да спречува болести, а доколку технологијата може да се минијатуризира еден ден би можела да ги замени маските за лице стари веќе еден век.



Уредот користи третман со нетермална плазма која се истражува веќе долго време – тоа е практично оган, но без топлина, креиран со помош на електромагнетен реактор.

Со испраќање на чист кислороден гас низ него, тој иницира ефект сличен на статичкиот електрицитет, а плазмата која се создава се всушност јонизираните (т.е наелектризираните) воздушни честички кои се формираат околу секоја искра.

Уредот личин на цевка, а во внатрешноста таа е наполнета со стаклени парчиња задолжени за заробување на овие честички. Како што електрицитетот се движи низ системот, атомите се извлекуваат од молекулите што резултира со слободни радикали – исклучително реактивни честички кои се обидуваат да постигнат стабилен еквилибриум со формирање на нови соединенија. Кога кислородниот радикал реагира со нормалниот молекул на кислород на собна температура, тој формира озон, познат антибактериски агент.



Претходни студии покажале дека експонирањето на плазма може да го уништи бактерискиот клеточен ѕид, а со тоа и нејзината нормална активност. Сличен ефект новиот уред има врз вирусите, успешно уништувајќи 99,9% од нив за една четвртина од секунда.

Овој пристап е многу побрз и поефективен од филтрите за воздух, хируршките маски и техниките со ултравиолетова светлина кои денес ги користиме за да се заштитиме од вирусите и бактериите.

Тимот истражувачи прво ќе започне со тестирање на оваа технологија врз животни на фарма за свињи во Ен Арбор, бидејќи вирусите од добитокот често пати предизвикуваат епидемии и кај луѓето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...