Индиската армија вели дека пронашла траги од Јети

Приказните за Јети, мајмуноликиот ѕвер од Хималаите, се дел од фолклорот на Непал со векови и сè уште ја скокоткаат имагинацијата на луѓето и ден денес.

Сега индиската армија вели дека конечно го докажала постоењето на ова митско суштество. Тие велат дека нашле траги на Јети блиску базниот камп Макалу на границата помеѓу Непал и Кина, па дури и објавиле фотографии на Twitter од отпечатоците во снегот.



Тие биле со големина од 80 х 38 сантиметри, а во минатото било пријавувано дека во тој реон, т.е Макалу-Барун националниот парк бил забележан Јети. Хаштагот #Yeti набргу станал трендинг тема на Twitter во Индија, претежно поради скептичноста на луѓето кои се шегуваат на таа тема.

За да се потврдат тврдењата на индиската војска потребни се силни докази, кои за жал таа не ги обезбедила, бидејќи досега не постои научен доказ дека Јети или било какви други големи мајмуни постојат на високите планини во Азија.

И покрај тоа, научниците не се воздржуваат од истражувањата поврзани со ова интересно парче криптозоологија.



Во 2014-та, научници анализирале митохондријална ДНК од два примероци ткиво собрани на Хималаите (во Ладах и Бутан), за кои се сметало дека припаѓаат на Јети, по што било заклучено дека тие припаѓале на мечка чиј најблизок генетски роднина е антички предок на поларната мечка.

Еден од најинтригантните докази досега била „рака на Пангбоче“ – коски од рака собрани од непалски манастир од американски истражувач во доцните 1950-ти. За овие коски се верувало дека се од Јети, но ДНК тестови од 2011 докажале дека тие имале човечко потекло.

Идејата за Бигфут (познат и како Сасквач), уште едно мајмунилико суштество кое живее во дивите шуми, пак е застапена во САД. Во едно од најчудните поглавја на овој мит, во 2008-ма двајца луѓе (кои „сосема случајно“ биле сопственици на компанија за големопродажни продукти поврзани со Бигфут) тврделе дека пронашле замрзнато мртво тело на Бигфут, за што подоцна се испоставило дека се работи за гумено одело на горила.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...