Идна генерација на пластика која може постојано да се рециклира

Научниците од националната лабораторија Лоренс Беркли креирале најнов вид на пластика способна да се рециклира постојано, без притоа да го изгуби квалитетот.



Многу пластики во себе содржат хемикалии како бои или пластификатори, кои остануваат и по рециклирањето. Различните видови на пластика – цврсти играчки, флексибилни материјали, кеси и слично можат да се мешаат, мелат или топат за да формираат нови материјали, меѓутоа отпадот кој останува ги спречува тие да бидат комплетен рециклирачки ресурс. Така, на пример, пластични кеси често пати или се горат за да се уништат или се фрлаат на депонии.

Тимот научници од Лоренс Беркли креира нова пластика користејќи материјал наречен поли(дикетонамим), или скратено PDK. Во него, мономерите – молекулите кои можат да се сврзат со други идентични молекули за да формираат полимер – можат да се ослободат од пластиката преку нејзино потопување во силен киселински раствор кој ги уништува нивните врски. Откако тоа ќе се случи, овие мономери можат повторно да се искористат за создавање нов полимер со идентична боја и форма.



Ваков материјал потенцијално би можел да го револуционизира пластичниот отпад и значително да го намали на светско ниво, бидејќи скоро целата сегашна пластика е дизајнирана да се употреби само еднаш и потоа да се фрли.

Следно на агендата на тимот е да се усовршат термалните и механички карактеристики на PDK пластиката за да се користи за вметнување во текстил, 3D принтање и за изработка на пени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...