Лебарките еволуираат и стануваат скоро невозможни за убивање

Следи сè поголемо зголемување на бројот на „супер-лебарки“. Нова студија открила дека германските лебарки (Blattella germanica) рапидно еволуираат и стануваат отпорни на многу спрејови против бубачки и на инсектициди, како и на хемикалии на кои никогаш не биле директно експонирани – правејќи ги скоро невозможни за убивање на такви начини.



Во студијата било откриено и дека резистентноста лебарките успевале да ја развијат во една генерација и истата се зголемувала 4 до 6 пати во тек на генерацијата, а развиле и крос-резистентност – толеранција на токсични супстанци само преку контакт со сличен вид на инсектицид.

Биле тестирани различни третмани со 3 инсектициди – абамектин, борна киселина и тиаметоксан – во разни апартмани низ Индијана и Илиноис во период од над 6 месеци. Во еден од третманите, биле ротирани 3 различни инсектициди секој месец во период од 3 месеци, додека во друг биле користени 2 инсектициди од различни класи во период од 6 месеци. Во третиот третман, бил користен еден инсектицид на кој лебарките имале најмала почетна резистентност.

Без разлика на различните хемиски коктели, истражувачите не успале да ја редуцираат популацијата на лебарките, а во третиот третман таа дури нараснала за 10% кога индивидуалните лебарки почнале да развиваат резистентност. Истото се случило и во вториот третман, додека со првиот бројот на лебарки останал ист.

Лебарките во тримесечниот репродуктивен циклус можат да имаат и по 50 потомци, па така само мал дел од потомците треба да развијат крос-резистентност, да преживеат и да се репродуцираат за вкупната популација да се зголеми за само неколку месеци.

Инаку, лебарките се носители на различни патогени вклучувајќи ги E.coli и salmonella-та, како и алергени кои предизвикуваат астма.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...