Структурата на мозокот одредува колку уживаме во музиката

Сите музички жанрови имаат способност да ни предизвикаат разни емоции, а сега едно ново истражување покажува дека некои од нас се повеќе подложни на доживување на емоционалната моќ на музиката од другите.



Во студија од универзитетот на Барселона (UB) и биомедицинскиот истражувачки институт Белвич (UB-IDIBELL) била истражувана состојбата наречена музичка анхедонија – неспособност да се чувствува задоволство при слушање на музика и покрај тоа што може да се ужива во други наградувачки стимули како храната или сексот.

Истражувачите регрутирале 38 доброволци од кои една третина имале музичка анхедонија, а нивните мозоци биле скенирани со функционална магнетна резонанца (fMRI) додека слушале класична музика. Во исто време, од нив било побарано да се изјаснат колку уживале во музиката на скала од 1 до 4.

Авторите на студијата биле заинтересирани за белата мозочна материја која поврзува одредени делови од мозокот како аудиторниот кортекс со центарот за награди во мозокот, со цел да добијат идеја како овие региони комуницираат меѓусебно кај луѓето со музичка анхедонија.



Резултатите покажале дека индивидуалните разлики во количината на задоволство добиено од слушање на музика се поврзани со нивото на конективност помеѓу делот од аудиторниот кортекс наречен супратемпорален аудиторен кортекс и вентралниот стратиум - кои формираат дел од колото низ кое се испорачуваат „наградите“ во мозокот.

Партиципантите со музичка анхедонија имале помалку бела материја која ги поврзувала овие специфични мозочни региони, индицирајќи дека овој комуникациски проток е одговорен за способноста за уживање во ритмични звуци. Тоа значи дека доколку не уживате во (било каква) музика, тоа може да се должи на недостатокот на поврзаност помеѓу одредени делови на мозокот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...