Како нуклеарна зима би влијаела на нашата планета?

Климатологот Алан Робук од универзитетот Руџерс со неговиот тим научници истражил како врз планетата и сите нас на неа би влијаела хипотетична нуклеарна зима.

Според неговите пресметки, доколку сите нуклеарни оружја на САД и Русија би се искористиле во конфликт, тоа би предизвикало шокантно опаѓање на глобалните температури, помалку врнежи и многу помалку храна за сите.

Во оваа хипотетичка војна, нуклеарните честички би се транспортирале помеѓу хемисферите 2 недели, а глобалните температури би опаднале за околу 9 °C во следните 12 месеци. Во зависност од условите, ова опаѓање би можело да се зголеми за уште 1.5 °C.

Во многу места низ Европа и Северна Америка, дури и летата би биле замрзнати и околу 20 °C постудени отколку сегашните.



Оние кои би преживеале првите 5 или 6 години по ваквата нуклеарна катастрофа потоа ќе се соочат со глад – не само што постојаната зима ќе го отежнува растењето на растенијата, аеросолите во атмосферата ќе предизвикаат во просек 30% опаѓање на врнежите дожд низ планетата во првите неколку месеци, а за идните неколку години тој процент би се зголемил на 47 до 58%.

Вистинското прашање е колку сето ова би траело? За да се изработи модел и за тоа, потребни се многу детали, како на пример каде би паднале бомбите, колку бомби би се искористиле и во кој временски период и сл.

Според моделот на Робук, оптимистички температурите би почнале да се нормализираат за околу 5 години, а според моделот на NASA тоа би се случило после 7 години. Сепак, би била потребна околу една декада за да се растури покривката од облаци кои ќе ја апсорбираат соларната радијација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Од сите спортови најмногу ги сакам хокејот и боксот.
- Зошто?
- Оти сум забар!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1811.- Венецуела стана прва јужноамериканска...
1857.- Родена е Клара Цеткин, познат политички...
1889.- Роден е Жан Кокто, француски писател. Тој...
1988.- Во Скопје умре Драга Чаловска-Секуловска,...