Пуштање електрицитет во мозокот би можело да ја отстрани тремата

Тремата може да предизвика дури и елитните изведувачи или спортисти да си го подзаборават текстот или да им падне топката од рака, бидејќи задачите кои биле усовршени за време на пробите одеднаш стануваат многу потешки под притисокот од изложеноста пред публика.



Сега, ново истражување покажало дека со пуштање електрицитет со слаб интензитет низ делови од мозокот кои предизвикуваат изведувачка анксиозност би можеле да се елиминира тремата.

Спортистите, музичарите и останатите видови на изведувачи имаат тенденција да се потпираат на мускулната меморија за да извршуваат долго време вежбани акции, овозможувајќи им автоматски да ги репродуцираат сите движења без да треба премногу да мислат на нив.

Меѓутоа, свесната мисла е сè уште потребна за да се одберат соодветните претходно научени движења и да се креира комбинацијата на разни секвенци. Анксиозноста влијае на ова свесно носење одлуки, што резултира со трема и влошени перформанси.

Партиципантите во новата студија прво биле тренирани да можат брзо да притискаат 10 копчиња по одреден редослед, без да прават грешки. За тоа да се постигне, тие прво биле научени да ги извршат првите 6 чекори, а потоа ги вежбале преостанатите 4.



Откако биле научени сите 10 чекори, истражувачите на партиципантите им давале електрични шокови секогаш кога ќе направеле грешка и поради тој притисок на нив им се нарушиле перформансите и грешките зачестиле, најчесто на местото помеѓу двете претходно научени секвенци, т.е по 6-тиот чекор.

Со други зборови, тие биле способни да ги притискаат првите 6 и последните 4 копчиња автоматски, но им се јавила анксиозност кога требало свесно да мислат како да ги комбинираат овие две акциски секвенци.

Со користење на функционална магнетна резонанца (fMRI) истражувачите откриле зголемена активност во мозочниот регион наречен дорзален преден цингуларен кортекс (dACC) секогаш кога се случувале грешките, поради што по пат на дедукција заклучиле дека dACC мора да е одговорен за нарушување на перформансите поради анксиозност.

Потоа била искористена техниката наречена транскранијална магнетна стимулација (TMS) за да се пушти електрицитет од 1 херц низ dACC во период од 5 минути, пред да биде побарано од партиципантите да ја повторат задачата. Тоа резултирало со редуцирање на активноста во dACC, со што се правеле многу помалку грешки.

Авторите на студијата веруваат дека импликациите од ова истражување би можеле да им помогнат на професионалните изведувачи од разни дисциплини да ја елиминираат тремата од нивните настапи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...