Научници откриле како мозокот ги енкодира мемориите за време на спиењето

Мистериите поврзани со спиењето почнуваат да се разрешуваат благодарение на нова студија која открива како мозокот ги трансформира настаните кои ни се случиле во текот на денот во целосно енкодирани мемории.



Новото истражување индицира дека селектирањето на овие мемории се случува во периоди на екстремно ниска активност на мозочните бранови, кога повеќето кортикални неврони се исклучуваат за да им дозволат на оние вклучени во креирање на специфична меморија да си ја вршат својата работа.

На научниците со декади им е познато дека за време на спиењето невроните низ кортексот осцилираат помеѓу периоди на активност и периоди на тишина, а бидејќи на активната фаза и претходи наплив на активност во хипокампусот – делот на мозокот кој ја процесира меморијата - долго време се претпоставувало дека оваа осцилација некако служи за енкодирање на скорешни настани во мемории.



Авторите на студијата истренирале глувци да вршат задача за просторна меморија и ја снимале нивната активност во хипокампусот и кортексот за време на вршењето на задачата како и за време на првите 2 часа од спиењето. Тие откриле дека додека глувците спиеле, нивниот хипокампус спонтано ги повторувал движењата од претходно, индицирајќи дека ја повторува меморијата од настанот.

Очекувано, тоа предизвикало зголемување на активноста во кортексот, по што следеле делта бранови, а потоа и невронска тишина. Меѓутоа, секој пат кога тоа се случувало, мал дел кортикални неврони останувале активни додека останатите спиеле. Со следење на овој процес, тимот истражувачи открил дека моделите на активност во хипокампусот всушност предвидувале кои кортикални неврони ќе останат активни, што им овозможило во реално време да гледаат како краткотрајните мемории во хипокампусот се сочувале како стабилни мемории во кортексот.

За да го потврдат нивното откритие, истражувачите потоа вештачки ги стимулирале глувците кои спијат, предизвикувајќи погрешни неврони да останат активни за време на делта фазата и откриле дека тоа ги спречувало животните да ги комплетираат задачите за просторна меморија следниот ден.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...