Нов гел би можел да ги заштити шумите од пожари

Научници од универзитетот Стенфорд креирале леплив гел кој во форма на спреј се аплицира на дрвата и овозможува долготрајна заштита од пожари.

Гелот опишан како „еколошки бенигна вискоеластична течност базирана на целулоза“ всушност е носител на амониум полифосфат (АПП), најупотребуваната противпожарна суровина која се користи за гаснење на шумските пожари во САД.



Во сегашната формулација, АПП се испорачува во течност дизајнирана да формира влажна и вискозна бариера на растенијата. Околу 380 милиони литри се исфрлаат врз вегетацијата на Калифорнија секоја година, но само на онаа која е на пат на пожарите. Противпожарните карактеристики траат само 1 или 2 дена, што го прави АПП неподобен за користење во планирани стратегии за превенција.

Новиот медиум го надминува овој проблем и ги заштитува растенијата од пожари и до еден месец. Причината за тоа е што гелот е конструиран од целулозни деривати, вклучувајќи хидроксиетилцелулоза и метилцелулоза, со микроскопски честички на силика на неговата површина.

Лабораториските тестови, како и оние на отворено на површина од 3 квадратни метри исполнета со трева со различна должина и густина, покажале импресивни резултати. Додека нетретираните области изгореле скоро целосно за 60 секунди, оние третирани со гелот не гореле воопшто.



Значајна противпожарна заштита останала дури и по симулирани 12 милиметри врнежи од дожд.

Лабораториските тестови, пак, потврдиле дека тој не е штетен за околината и дека не ја менува респирацијата и микробската активност на билките.

Гелот целосно деградира за околу 30 дена, што е доволно да овозможи заштита од палење за време на ризичните периоди.

Следниот чекор на истражувачите ќе биде да се пронајде начин за комерцијална продукција на овој гел, како и да се тестира неговата ефикасност во разни опкружувања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Охрид е еден од најубајте градој на Балканот, овде и природана и воздухон се толку чисти шо дури со години никој немат умрено - им раскажува туристичкиот водич на групата...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1685.- Лондон го зафати голема епидемија на чума...
1939.- Советските единици врз основа на...
1943.- Во селото Подвис, кичевско почна да...
1961.- Со основано сомнение дека е жртва на...