Јапонците разработуваат теорија за долговечноста

Научници од институтот Рикен во Toкиo, Јапонија разработуваат теорија околу тоа, зошто луѓето што живеат над 110 години, доживуваат толку длабока старост, пренесува „Мирор”.



– Ако ја откриеме врската меѓу имунитетниот систем, стареењето и долговечноста, тоа може да придонесе за развој на терапии за продолжување на животот, изјави раководителот на истражувањето, Косуке Хашимото.

Со стареењето, ризикот од рак и други болести се зголемува како резултат на намалувањето на Т-клетките. Тие имаат својство да уништуваат бактерии и вируси, а кај стогодишниците ги има во изобилие.

Во рамки на овој труд, Хашимото и неговите колеги испитуваат илјадници имунитетни клетки земени од крвта на седуммина стогодишници. Тие биле споредени со други, земени од петмина случајно одбрани доброволци на 50, до 80-годишна возраст.

– Добиените резултати наведуваат на претпоставката дека имунитетниот систем на столетниците може да биде клучна заштита од вирусни инфекции и развој на тумори, осигурувајќи една прекрасна долговечност. Тоа појаснува и зошто во повеќето случаи стогодишниците во голем дел од својот живот „пукаат од здравје, објаснува Хашимото.

Резултатите говорат дека еден посебен вид Т-клетки, наречени ЦД4 плус, се 4-5 пати повеќе присутни кај оние над сто години, отколку кај некои од помладите испитаници. Не се знае, сепак, зошто и како тоа точно го продолжува животот.

– Откритието може да доведе и до апче – еликсир на младоста, додава јапонскиот професор.

Канадски научници пак, анализирајќи случаи во САД, Велика Британија, Франција и Јапонија од 1968 година до денес, сметаат дека во иднина бројот на столетниците ќе се зголемува.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се возат во воз прилепчанец и Босанец. Му здосадило на Босанецот и му вели на прилепчанецот.
Окле си?
И прилепчанецов не одговара.
По некое време Босанецов пак:
Окле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1356.- Англиската армија предводена од Црниот...
1551.- Роден е францускиот крал Анри III,...
1802.- Роден е унгарскиот револуционер Лајош...
1833.- Црногорскиот владика Петар II Петровиќ...