Најиновативните материјали кои ја одбележаа 2019-та

Од лабораториска пајакова свила до кафе, еве какви сè иновативни материјали беа развиени или користени низ 2019-тата, со фокус на оние кои можат да се рециклираат.

1) Алги

Многу дизајнери користеа алги како одржлива алтернатива на пластиката и другите материјали. На пример, беше креиран материјал наречен SeaCell, составен од морска трева и еукалиптус, од кој беа направени одржливи алтернативи на пелени за еднократна употреба.

2) Пајакова свила

Биотехнолошката стартап компанија Spiber ја креираше првата јакна направена од синтетичка пајакова свила за The North Face, додека пак Adidas и Стела Макартни во соработка со компанијата Threads лабораториски рекреираше верзија на протеини кои ги има во пајаковата свила, за формирање на „целосно биоразградлива“ тениска облека.

3) ,,Паметни“ материјали

„Паметни“, адаптивни материјали исто така беа популарни меѓу дизајнерите во 2019-та. Модниот дизајнер Ying Gao креираше пар автономни, роботски фустани кои се движеа како реакција на одредени бои во нивното блиско опкружување, додека, пак, истражувачи од универзитетот на Мериленд создадоа текстил од полимер влакна премачкани со јаглеродни наноцевки кои го загреваат оној кој ја носи облеката кога надвор е студено и го ладат кога е топло.

4) Материјали од животински нуспроизводи

Некои дизајнери во нивните креации користеа животински нуспроизводи, кои инаку би се фрлиле. Данската дизајнерка Kathrine Barbro Bendixen користеше кравји црева за изработка на скулптурални светла, составени од проѕирни цевки обвиткани околу LED извор на светлина.

Shahar Livne, пак, дизајнираше патики од алтернативна кожа направена од животински масти, коски и крв, земени од отпадот од кланици, додека студиото At10 од Рејкјавик направи биопластична амбалажа за месо од кожата на животното чие месо било спакувано во неа.

5) Целулоза

Од целулоза беа направени одржливи амбалажи за козметика. Воедно беа креирани и вештачки овошја кои можат да се јадат, направени од 3D принтана целулозна кожа исполнета со разни витамини и минерали и др.

6) Плута

Од блокови плута во комбинација со дрвени елементи беше изградена куќа која лесно може да се демонтира и повторно да се монтира или рециклира, а беше креиран и разен мебел од блокови плута преостанати од производство на тапи за вински шишиња.

7) Кафе



Дизајнерите на разни начини го искористуваа кафето - Jamie Pybus разви систем кој користи остатоци од кафе како плоден медиум за растење на печурки кои се јадат, а италијанското дизајнерско студио High Society од фрлени лушпи од зрна кафе креирале серија лампи.

8) Биопластика

Британската дизајнерка Lucy Hughes користеше отпад од риби (крлушки и кожа која инаку се фрла) за да креира компостабилна биопластика како алтернатива за амбалажите за еднократна употреба како кеси и обвивки за сендвичи, за што ја доби James Dyson наградата во вредност од над 30 000 евра.

Други дизајнери од фрлена храна креираа биопластика, како на пример чашки за сок од лушпи од портокал и материјал сличен на хартија од фрлени лушпи од јастог.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...