Сунѓер кој впива нафта како решение за чисти океани

Дупчењето нафта од океанското дно секоја година продуцира 100 милијарди барели контаминирана отпадна вода, преку ослободување на ситни капки нафта во опкружувањето.



Повеќето техники за отстранување на нафтата од водата се фокусираат на отстранување на големи количини кои потекнуваат од индустриски излевања и истите не можат да се употребат и за помали количини, поради што научниците постојано се во потрага по нови начини за прочистување на водата.

Сега, истражувачи од универзитетот на Торонто и Империјал колеџот од Лондон развиле сунѓер кој отстранува над 90% од нафтените микрокапки од отпадните води, за 10-на минути.

Кога тој се користи, нафтата му ја покрива површината во тенок слој, преку процесот наречен апсорпција. По користењето, сунѓерот може да се третира со растворувач, кој нафтата ја ослободува од него, а истата може потоа да се рециклира и сунѓерот повторно да се користи.

Претходната верзија на ваквиот сунѓер отстранувала повеќе од 95% нафта во тестираните примероци, но за тоа биле потребни 3 часа – што е значително подолго од она што би било корисно во ваквата индустрија. Покрај тоа, сунѓерот функционирал добро само во одреден Ph распон.

Неговата нова верзија била хемиски модифицирана за да може да функционира побрзо и врз многу поголем Ph распон од претходната.

Оригиналната верзија била направена од обична полиуретанска пена, на која во новата и биле додадени малечки честички од материјал наречен нанокристален силикон со чија помош значително му се зголемила способноста да заробува и задржува нафтени честички.

Истражувачите ќе продолжат да ги подобруваат перформансите на сунѓерот, а ќе се истражува и начинот како би можеле со него да се отстрануваат бактерии од солената вода.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...