Астрофизичар тврди дека може да изгради временска машина

Астрофизичарот Рон Малет верува дека пронашол начин да патува назад во времето – теоретски.

Овој професор по физика изјавил дека напишал научна равенка која би можела да служи како темел за креирање на вистинска временска машина, па дури изградил и прототип за да ја илустрира клучната компонента на оваа теорија.



За да се разбере машината на Малет, треба да се знае основата на теоријата на специјалната релативност на Алберт Ајнштајн, која вели дека времето се забрзува или забавува во зависност од брзината со која некој објект се движи.

Според таа теорија, доколку некоја личност е во вселенски брод кој патува со брзина блиска до онаа на светлината, времето ќе поминува многу побавно за неа, во споредба со сите оние кои ќе останат на Земјата. Така, астронаутот кој би поминал помалку од една недела движејќи се со таа брзина во Вселената и кој потоа би се вратил на Земјата, за луѓето на Земјата би биле поминати 10 години од времето кога неговото патување започнало – а на астронаутот би му се чинело дека патувал во иднината.

Додека повеќето физичари се согласуваат дека патување во иднината на овој начин најверојатно би било возможно, патувањето во минатото е сосема друг проблем, за кој Малет смета дека може да се реши со помош на ласери.

Неговата идеја за временска машина се базира на уште една теорија на Ајнштајн, општата теорија на релативноста, според која масивен објект може да го превитка простор-времето (ефект кој го перцепираме како гравитација), а колку гравитацијата е посилна толку времето побавно тече.

Тој верува дека е теоретски возможно времето да се изврти во т.н „loop”, т.е бесконечна јамка, која би овозможила пат во минаотот, а изградил и прототип кој покажува како ласерите може да помогнат оваа цел да се оствари. Со студирање на видот на гравитациското поле создадено од ласерите, би можел да се открие начин за изградба на временска машина базирана на циркулирачки зрак светлина.

Неговите колеги од научниот свет се скептични дека такво нешто би функционирало, а тој самиот тврди дека оваа идеја е стриктно теоретска. Според него, дури и доколку неговата машина некогаш профункционира, таа би имала значајни ограничувања кои би го спречиле секого да, на пример, отпатува назад во минатато и го убие бебето Хитлер – причината за тоа е што било која информација или објект кои би можеле да се испратат во минатото, би можеле да се испратат најрано до моментот кога машината била вклучена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...