Иако се корисни за околината, некои дрвја како тополите исто така емитираат гасови во атмосферата кои го влошуваат загадувањето и ја менуваат климата.

Тополите глобално покриваат околу 9.4 милиони хектари – скоро двојно повеќе отколку пред 15 години – а се работи за дрвја кои бргу растат и се извор на биогориво и други продукти како хартија, палети, иверица и рамки за мебел.
Топoлите и другите дрвја како палмите и еукалиптусот произведуваат изопрен во нивните лисја како одговор на климатските стресови предизвикани од високите температури или сушата, кој во големи количини испарува во атмосферата секоја година.
Изопренот реагира со другите гасови и креира озон, а ја зголемува и продукцијата на атмосферските аеросоли кои ја редуцираат количината на директна сончева светлина (ефект на ладење) и предизвикува потенцијално зголемување на глобалниот затоплувачки ефект на метанот во атмосферата (ефект на затоплување).
Сега, германски и американски истражувачи генетски ги модифицирале тополите да не произведуваат изопрен, а потоа ги тестирале 3 и 4 години на плантажи во Орегон и Аризона.
Било откриено дека оние дрвја кај кои продукцијата на изопрен била генетски спречена не покажувале несакани ефекти во поглед на фотосинтезата и продукцијата на биомаса. Tие биле способни да прават целулоза, да се користат за производство на биогориво и да растат подеднакво добро како и дрвјата кои продуцирале изопрен.
За да ги модифицираат била користена алатката за генетски инженеринг наречена РНА (RNA) интерференца. РНА ги пренесува инструкциите за кодирање протеин од ДНК на секоја клетка, а РНА интерференцата е еден вид на вакцинација – активира природен специфичен механизам каде одредени целни групи на клетки се потиснати.