Kреирани роботи од живи клетки

Научниците креирале нова форма на „робот“ кој не е направен од метал, пластика и жици, туку е формиран целосно од живи клетки.



Истражувачите од универзитетот на Вермонт и универзитетот Туфт ги креирале овие „ксеноботи“ од клетки земени од ембриони на жаби, кои се дизајнирани да користат алгоритми кои ги имитираат силите на природната селекција.

Се работи за живи машини кои не се ниту традиционални роботи ниту било кој познат вид на животни, туку сосема нова класа на живи, програмирани организми.

Геномски, клетките од кои се направени ксеноботите се жабји и имаат 100% ДНК на жаба – но крајниот резултат не е жаба.

Овие нови „животни форми“ можат да се помали од врв на игла (дијаметар од 650-750 микрони) и да се способни за вршење на специфични задачи. Една карактеристика на живите машини е способноста самите да се движат низ вода со помош на два екстремитети, а една од нив има џеб кој може да се користи за пренесување на некој многу мал товар. На тој начин, пар вакви роботи би можел да се користи за испорачување на лекови во телото или за чистење на загаденоста од океаните и морињата.

Во споредба со цврстите роботи, овие нови меки можат да се регенерираат самите доколку се оштетат и се целосно биоразградливи.

За овој проект, тимот истражувачи започнал со развивање на „еволутивен алгоритам“, кој го симулира процесот на природна селекција за да го води дизајнот на ксеноботите. На алгоритамот му била зададена задача, како на пример движење во еден правец, за потоа компјутерот виртуелно да ги спојува симулираните клетки во различни форми, сè додека една од тие форми не ја извршила задачата. Инспирирани од дизајнот добиен од овој AI систем, тимот ги составил ксеноботите со помош на клетки од кожа и срцевиот мускул на африканската жаба од видот Xenopus laevis.

Истражувањето имало неколку импликации: покрај потенцијалните практични употреби, креирањето на овие мали роботи може да се искористи за дознавање на „кодот на животот“, односно разбирањето на алгоритмите кои ја одредуваат формата и функцијата на организмите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...