Моќен неуротоксин за прв пат синтетизиран во лабораторија

Тетродотоксинот е еден од најсмртоносните неуротоксини во природниот свет, околу 1000 пати попотентен од цијанидот. Истиот го има во одредени видови риби кои во рестораните чинат и над $100, а кои пред да се јадат мора многу внимателно да се исчистат од страна на готвач лиценциран за тоа.



Сега, оваа потентна хемикалија за прв пат е синтетизирана во лабораторија, со надеж дека еден ден ќе помогне во создавањето на нов лек за намалување на болката кај пациентите со канцер.

Тетродотоксинот доаѓа од бактериите како Pseudoalteromonas, Pseudomonas и Vibrio, кои живеат во животинските домаќини, а ги има во органите на многу морски животни како одредени октоподи, полжави и сл. Најпознатиот примерок кој го содржи е рибата фугу (pufferfish) која во Јапонија е деликатес и која доколку не е подготвува како што треба, може да биде фатална за луѓето.

Само 1 милиграм тетродотоксин е доволен за да убие човек, поради што готвачите мора специјално да бидат тренирани како да ги исчистат органите како црниот дроб, очите и јајниците, кои содржат најмногу од овој отров.

Постојат и нетоксични фугу риби растени во мрестилишта, но вистинските „познавачи на храна“ ги претпочитаат токсичните бидејќи нивно консумирање им претставува еден вид на авантура.

Тетродотоксинот ги блокира нервните импулси во телото преку блокирање на каналите на натриум во клетките, кои се отвораат и затвараат со електрицитет. Јадењето, инјектирањето, или вдишувањето тетродотоксин може да доведе до парализа, потешкотии со дишењето, па дури и смрт. Месото од овие риби не е дозволено во ЕУ, а во земјите каде што се консумира постојат строги закони кои диктираат кој смее да ги купува и продава таквите производи. Дури и покрај сите овие санкции, сè уште постојат случаи на труење и смрт.

Во многу малечки дози, нервно-блокирачките ефекти на тетродотоксинот може да се користат за овозможување ефективна аналгезија за луѓето кои имаат силни болки, како оние предизвикани од некои третмани за канцер.

Точниот механизам за тоа не е целосно јасен, поради што се појавила потребата за едноставен и ефтин начин да се добие овој токсин за да се истражува. За штета на истражувачите, тетродотоксинот има необична и комплексна структура која е тешко да се реплицира – помали секции од токсинот биле синтетизирани во претходни студии, но во оваа за прв пат била постигната целосна синтеза.

Тимот истражувачи од универзитетот Нагоја во Јапонија креирал нова хемиска патека за реплицирање на целата структура на неуротоксинот, без потреба од рибата.

Овој нов процес за репродуцирање на тетродотоксин во лабораторија е голем чекор напред кон отклучувањето на карактеристиките на овој моќен неуротоксин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...