Во Шкотска пронајдена најстарата фосилизирана стоногалка

Фосилизирано суштество налик на стоногалка, беше откриено во Шкотска и можеби, најстарото познато копнено животно – скромен „пионер“ на земниот живот од пред 425 милиони години.



Според научниците, фосилот е од ерата наречена силур. Откриен е на островот Керера од шкотските Хебриди. Наодот е наречен „кампекарис обаненсис“ (kampecaris obanensis). Животното живеело околу езерата и се хранело со растенија во распаѓање.

И фосил на билката куксони, исто така – една од најстарите, е пронајден на ова подрачје.

Палеонтологот Мајкл Брукфилд од Унверзитетот на Тексас, е одговорен за трудот објавен во списанието „Historical Biology“. Тој вели дека кампекарисот е долг околу 2,5 сантиметра и наликува на денешните стоногалки, но му припаѓал на сега веќе изумрен вид кој не е нивни предок. Нозете на оваа древна членконога не се зачувани на фосилот.

Животот на земјата прво се развил во океаните, а суштествата почнале „да излегуваат“ од вода, од прилика, пред 540 милиони години. Досега се веруваше дека првите копнени ‘рбетници – водоземците кои еволуирале од плитководни риби, се појавиле, најмалку, пред 375 милиони години. Тоа, главно, биле предците на денешните влекачи, птици и цицачи



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Релативно срамежлив дечко отишол во кафич со другарите и откако се напиле по една пијачка овој собрал сили и и пришол на некоја од девојките, прашувајќи ја дали може да ја части...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
138.- Умре римскиот цар Публиј Еилиј Адријан, кој...
1509.- Роден е Жан Калвин, верски реформатор,...
1559.- Умре францускиот крал Анри Втори, татко...
1774.- По шестогодишната војна меѓу Русија и...