Научници работат на вештачко Сонцe вредно 20 милијарди евра

Четиринаесет години откако добија зелено светло за проектот, група научници со седиште во Франција вчера почнаа да работат на уред што треба да покаже дали нуклеарната фузија, која е извор на енергија на Сонцето, може да биде безбеден и одржлив извор на енергија на Земјата.

-Уредот ИТЕР ќе биде составен од речиси еден милион компоненти, а првите експерименти треба да почнат во декември 2025-та година. Фузијата обезбедува чиста и сигурна енергија без јаглерод, се вели во соопштението од 35 земји потписнички на проектот.

Како што многумина ја нарекуваат – „Најголемата сложувалка на светот“ ќе се составува во малата општина Сен Пол-лес Дуранс во јужна Франција, од научници од целиот свет. Групата ИТЕР се состои од 27-те членки на Европската Унија, Швајцарија, Велика Британија, Индија, Јапонија, Јужна Кореја, Русија и САД.

Но, ова „ештачко Сонце е критикувано од некои еколози. Тие тоа го гледаат како научна илузија без гаранција дека ќе даде резултати и дека сѐ ова ќе биде „финансиска бездна“, како што коментираат од Гринпис.

-Фузијата е безбедна, користи мали количества гориво и нема физичка можност за несреќи… Горивото за фузијата може да се најде во морската вода и во литиумот, што значи дека има доволно извори за следните неколку милиони години, се истакнува во извештајот.

Според научниците, реакторот би можел да ја достигне својата полна моќ во 2035-та година.

Потфатот почнува по пет години одлагање. Буџетот за проектот денес изнесува речиси 20 милијарди евра – трипати повеќе отколку што беше првично предвидено.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...