Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Во Калифорнија се откриени мистериозни синџири на ДНК коишто наводно асимилираат гени од многу други, различни организми во нивната околина. Научниците го нарекоа овој елемент „Борг“, според цивилизацијата од американската серија „Ѕвездени патеки“, која ги асимилира другите технолошки напредни општества. Откривањето на овие „Борги“ може да помогне во сознанијата околу еволуцијата на микроорганизмите, нивните односи во рамки на екосистемите и нивната улога во животната средина, пренесуваат медиумите.



Микробиологот Џил Бенфилд од Универзитетот во Беркли верува дека „Боргот“ е поголемо и од откритието на КРИСПР-технологијата за модификација на геномите.

-Откривме нешто мистериозно коешто, како и КРИСПР, е поврзано со геномите на микробите, напиша Бенфилд на Твитер.

Таа ги нашла првите „Борги“ во калта во нејзиниот двор. Во соработка со генетичарот Басем Ал-Шаејб од Универзитетот во Беркли, работеле на проект за наоѓање вируси кои напаѓаат аноксични микроби познати како археи, кои живеат во мочурлива средина. Така случајно пронашле ДНК-структура која се состои од скоро милион базни двојки.

По подробна анализа, откриле дека повеќе од половина од гените се нови, дека структурата има огледална низа на крајот од секоја жичка и покажува можност за самостојно копирање. Шокирани, научниците почнале да ги анализираат базите на податоци на ДНК-та за да проверат дали може да најдат некоја слична структура. Тие идентификуваа 19 секвенци коишто, се чини, одговараат на профилот.

Сè уште не е јасно кои се точно ДНК-структурите, но тие припаѓаат на класа нареченА екстрахромозомски елементи (ЕЦЕ), кои можат да се најдат надвор од хромозомот, кој содржи поголем дел од генетскиот материјал на организмот. ЕЦЕ се огромни, саморепликативни и можат да се најдат внатре или надвор од клеточните јадра. Примерите вклучуваат плазмиди и вирусна ДНК.

-Не можеме да докажеме дека тие се археални вируси, плазмиди или мини-хромозоми, ниту пак, можеме да докажеме дека не се, се вели во научното истражување .Ако „Боргите“ се реални и не се резултат на загадување, тие можат да ја зголемат способноста на метанопедерените да го оксидираат метанот. Ова би значело дека сѐ ова, за науката, е досега непознат процес и дека овие ЕЦЕ можеби играат досега непозната улога во регулирањето на атмосферата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...