Букети стари 2.000 години пронајдени во Мексико

Во Мексико, во урнатините на античкиот град Теотиуакан, археолози пронајдоа букети цвеќиња стари 1800 до 2000 години, пишува „Дејли мејл“.



Артефактите биле откриени на длабочина од 18 метри – под храмот посветен на Кецалкоатл (познат и како „Змија од пердуви“) – еден од важните богови на древните народи. Така што, растенијата можеби биле оставени во чест на богот. Околните жители го пренесуваат верувањето на нивните претходници – дека ова божество му давало пченка на човештвото и ги создало луѓето.

– Стеблата се совршено зачувани, вели Серхио Гомез, археолог од Националниот институт за антропологија и историја во Мексико Сити.

Вкупно четири букети се пронајдени во многу добра состојба. Тие сѐ уште се врзани со конци, најверојатно памук. Тој додаде дека ова е „многу важно откритие“ бидејќи докажува дека на тоа место биле вршени верски ритуали.

Теотиуакан („Градот на божјите патишта“), науката го смета за еден од највлијателните центри за трговија и култура во претколонијална Северна Америка. Се проценува дека во најголемиот свој процут, градот бил населен со околу 200.000 луѓе. Тимот научници работи во Теотиуакан речиси 12 години. Jа проучуваат почвата, карпите, пронајдените пирамиди и урнатини на дворци од она што некогаш ја претставувала цивилизацијата во древниот град. Археолозите веруваат дека тој е основан околу 100. година п.н.е. и постоел до осмиот век.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...