|
|
|
Златните риби можат да насочуваат роботски возила кон копноИстражувачи од Универзитетот „Бен-Гурион“ во Беершеба, Израел, открија дека вродените навигациски способности на златната риба ѝ овозможуваат да насочува роботско возило кон копно. Но, само доколку добие награда во облик на храна за тоа.

За да го спроведе својот необичен експеримент, тимот постави аквариум со риби на моторизирани тркала. Систем од камери потоа ги снима движењата на рибата во водата и ги претвора во насоки за навигација – ефективно поместување на уредот во насоката во која рибата се судира во стаклото. Рибата потоа „го насочува“ возилото кон визуелна мета – обоен знак на ѕидот од просторијата за експериментирање кој може да се види низ проѕирните страни на аквариумот.
Кога рибата го насочува возилото кон знакот, таа добива храна како награда.
-По неколку дена вежби, рибата се насочува кон целта, се вели во соопштението од научниот тим.
– Покрај тоа, таа можеше да го стори тоа дури и ако е прекината во средината со тоа што ќе удри во ѕид и не беше измамена од лажни цели поставени од истражувачите.
Написот објавен во списанието „Behavioral Brain Research” посочува дека „навигациската способност е повеќе универзална отколку специфична за околината”.
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
И предлага мажот на жената да се избричи доле,а таа прашува: -А зошто? -Па така,малце промена,за еротика знаеш. -Ти не си нормален,па да ми се смее цело село. |
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
331 п.н.е.- На реката Тигар, во Месопотамија,...
480. п.н.е.- Во поморската битка кај островот...
1519.- Португалскиот морепловец Фернандо Магелан...
1833.- Роден е италијанскиот новинар и пацифист...
|
|
|
|