Луѓето кои се опседнати со славните личности имаат пониски когнитивни способности

Следбеници во тн. култ кон познати личности, има и повеќе од доволно…Но, ново истражување во Унгарија покажува дека луѓето кои се опседнати со животот на богатите и славните, имаат пониски резултати на тестовите за умствени способности.



Според трудот објавен во списанието за психологија, „БМЦ“, истражувачите велат дека иако обожувањето на славните се чини дека е поврзано со послаб интелектуален капацитет, останува нејасно дали оваа „фасцинација“ со „општествените икони“ е причина или последица на намалените интелектуални капацитети. Испитувањата опфатиле 1.763 возрасни Унгарци во интернет-анкета со серија тестови дизајнирани за проценка на две гледишта на интелигенцијата.

Првиот тест имал за цел да го провери речникот на учесниците, а вториот бил бројчен тест. Учесниците, притоа, пополнувале прашалник за ставовите на славните – со цел да се дефинира „нивото на опсесија“ со славните.

Така, оние чијшто интерес за ѕвездите бил ограничен на разговори за животот на познатите личности со пријателите биле категоризирани како „забавно-социјални“ обожаватели. Следното ниво, дефинирано како „интензивно-лично“, го означува она компулсивно размислување за познатите.

Највисокото ниво на опсесија е означено како „гранично-патолошка“. Луѓето од таа категорија се склони да се согласуваат со изјавите како „ако имав среќа да запознаам омилена славна личност и тој / таа побара од мене да направам нешто незаконско како услуга, веројатно би го направил тоа“.

Истражувачите така откриле дека повисоките нивоа на опсесија со познати личности се поврзани со послаби резултати во двете испитни гледишта околу интелигенцијата.

Сепак, овие тестови не успеаја да покажат дали обожавањето на славните предизвикало пад на когнитивните способности, а тоа го отежнува откривањето зошто постои оваа врска.

Шпекулирајќи за природата на оваа врска, авторите на трудот тврдат дека опсесијата со познати личности може да влијае врз когнитивните способности поради интензивното ниво на сосредоточеност и внимание за одржување на оваа „еднострана емоционална врска“. Од друга страна, тие претпоставуваат и дека кај луѓето со повисоко ниво на интелигенција има помала веројатност да ги обожаваат познатите личности поради „нивната поголема способност да препознаат маркетиншки стратегии“ зад славната личност.

На крајот, тие заклучуваат дека се потребни повеќе истражувања за да се утврди – дали опседнатоста со познати личности е причина или последица на пониска интелигенција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...