|
|
|
Откриен тунел што можеби води до гробот на КлеопатраАрхеолози пронајдоа огромен тунел под храм којшто датира од Древен Египет и веруваат дека тоа можеби водело и води до гробницата на Клеопатра Седма.
Египетското Министерство за туризам и антиквитети објави дека тунелот е долг 1.300 метри и се наоѓа на длабочина од 13 метри под градот Тапосирис Магна, недалеку од Александрија, основан во 4. век п.н.е. Се смета дека подоцна тука, владетелката и нејзиниот љубовник, римскиот војсководец, Марк Антониј, биле погребани по нивната смрт. Исто така, се наведува дека тунелот бил откриен 20 метри под храмот на Озирис, египетскиот бог на подземјето.
Тунелот го пронашол водечкиот археолог на доминиканско-египетската експедиција, Катчеен Мартинез, која повеќе од 15 години ја бара гробницата на Клеопатра во Тапосирис Магна. Таа и нејзините колеги веќе пронајдоа тајни премини и разни богатства во храмот, вклучително и збирка монети со името и ликот на Клеопатра.
Новооткриениот тунел што археолозите го оценија како „геометриско чудо“, е многу сличен на тунелот Евпалинос на островот Самос во Егејското Море.
Научниците сѐ уште расправаат дали Клеопатра навистина била сместена тука, па не е сигурно ни дали овој тунел навистина ќе помогне во наоѓањето на гробницата на последната кралица на Древен Египет. Во меѓувреме, бројни земјотреси ја потресоа областа и тоа ги отежнува ископувањата. Делови од неодамна откриениот тунел сѐ уште се под вода.
|
|
|
|
|
|
|
|
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
|
Виц на денот |
|
Две плавуши прават муабет за култура. - Си го гледала оној филмот ТИТАНИК? - Да, да , и тоа три пати. - А која сцена ти остави највеќе впечаток. - Онаа кога беа на бродот.
|
|
|
|
Состојба на патиштата |
|
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.... |
|
|
|
Верски календар |
|
|
|
|
На денешен ден |
|
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
|
|
|
|