Bo Кина успешно клонирани три „суперкрави“

Научници од Кина успешно клонирале три „суперкрави“ кои можат да произведат невообичаено голема количина млеко, пренесуваат тамошните медиуми.



Научниците направиле 120 клон-ембриони од клетките на високопродуктивните крави и ги сместиле во сурогат-крава.

Џин Јапинг, предводник на проектот, смета дека клонирањето „суперкрави“ е голем чекор и ѝ овозможува на Кина, „на економски изводлив начин“, да ги одгледува најдобрите раси.

- Само пет од 10.000 крави во Кина можат да произведат 100 тони млеко во својот живот, што ги прави вреден ресурс за размножување. Но, понекогаш е тешко да се одреди точно за кое животно се работи, што го отежнува нивното одгледување. Намерата е за две до три години да се создаде стадо од повеќе од 1.000 суперкрави, за да се намали зависноста на Кина од увоз на крави, рече Џин.

Северозападниот универзитет за земјоделска и шумарска наука и технологија клонирал крави од расата „Холштајн Фризијан“ што потекнуваат од Холандија. Тие крави можат да произведат 18 тони млеко годишно, или 100 тони млеко во целиот нивен живот - што е 1,7 пати повеќе од количината млеко од просечната крава. Државниот кинески медиум „Нингшија“ пишува дека клонираните животни се родени оваа година.

Кина увезува дури 70 отсто од млечните крави од странство. Во многу земји, вклучително и САД, земјоделците ги вкрстуваат расите од овие животни заради поповолни гени и особини, со крајна цел - поголемо производство на млеко или повисока отпорност на болести.

Оваа далекуисточна земја постигна голем напредок во клонирањето животни последниве години. Во 2022., кинеска компанија го создаде првиот клониран арктички волк во светот, а во 2017. кинески научници соопштија дека произвеле клонирани говеда со зголемена отпорност на говедска туберкулоза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...