Американски научници прават „дронови“ од мртви птици

Научници од Ново Мексико (САД), по според многумина - неконвенционален пристап кон истражувањето на дивиот свет, им даваат нов живот на мртви, препарирани птици, претворајќи ги во еден вид дронови. Целта е да го проучат нивниот лет.



Д-р Мостафа Хасаналијан, професор по Механички инженеринг на Институтот за рударство и технологија Сокоро, кој го води проектот, открива дека вештачките, механички птици не ги дале резултатите што тој ги барал.

- Дојдовме до идејата дека можеме да користиме мртви птици и да направиме „беспилотни летала“ од нив. Сѐ е тука... Ние ја направиме обратната конструкција, рече тој.

Овие беспилотните летала направени од препарирани птици во мигов се тестираат во наменски изграден кафез на Институтот и би можеле да се користат за повеќе сознанија за обликувањето на јатото и неговиот лет.

- Ова пак, натаму може да се примени и во воздухопловството. Ако осознаеме како овие птици управуваат со енергијата едни до други, тоа може да го користиме во воздухопловната индустрија, заради заштеда на што повеќе енергија и гориво, рече Хасаналијан.

Научникот Брендан Херкенхоф се сосредоточува на бојата на птицата во однос на делотворноста на летот. Додека многумина мислат дека бојата на птицата е начин на привлекување партнери или камуфлажа, Херкенхоф верува дека и бојата влијае на самиот лет.

- Спроведовме експерименти и откривме дека за авион со фиксни крила и бојата може да ги промени перформансите на летот. Веруваме, истото важи и за птиците, рече тој.

Хасаналијан истакна дека прототипите на преперирани птици летаат најмногу 20 минути, така што следно е да се најде начин за подолг лет и тестови во дивината со живи птици.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...