|
|
|
Вавилонците знаеле за „Питагоровата теорема“ цел милениум пред ПитагораИспитувањата на плочките од Древен Вавилон сѐ повеќе го потврдуваат сознанието дека Питагоровата теорема им била позната на древните семитски математичари и 1.000 години пред времето кога живеел познатиот хеленски математичар.

Питагоровата теорема A² + B² = C² којашто важи за трите страни на кој било правоаголен триаголник, е можеби најпознатата теорема во математиката и четвртата најмоќна во практичната употреба. Равенката е именувана по Питагора, кој живеел пред околу 2500 години, потсетува порталот „IFL Science”.
Но, плочки најдени кај Вавилон, датирани околу 1770 година п.н.е., докажуваат дека Питагора не го поставил прв прашањето. Математичарот Брус Ратнер смета дека тој заклучок е неизбежен.
- Вавилонците ја знаеле врската меѓу должината на дијагоналата на квадрат (со страна долга една мерна единица, б.п.), и неговата висина, т.е. d (дијагоналата) е еднаква на квадратен корен од 2 (мерни единици, б.п.). Ова е веројатно и првиот број за којшто се знаело дека е ирационален, вели Ратнер.
Ова, според математичарот, значи дека Питагоровата теорема е докажана над 1.200 години пред големиот старогрчки филозоф да рамислува за тоа.
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
Врти плавуша кај дечкото на мобилен и од таму слуша женски глас: - Претплатникот не е достапен... ... па оваа реагира: - Ма немој, краво една, а тебе достапен ти е, а???
*... |
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
43.п.н.е.- Убиен е римскиот оратор, политичар,...
1598.- Роден е Џовани Лоренцо Бернини,...
1863.- Роден е италијанскиот композитор Пјетро...
1894.- Умре Фердинанд де Лесенс, француски...
|
|
|
|