Создаден наноматеријал што ја подобрува фотосинтезата кај растенијата

Кинески научници развија нов наноматеријал, базиран на јаглерод, добиен од отпадна земјоделска биомаса, којшто може да поттикне пообемна и побрза фотосинтезата на растенијата и потенцијално да го поттикне растот на земјоделските култури, пренесува Синхуа.



Истражувањето, објавено во списанието „Communications Materials”, го спровеле експерти од Институтите за напредни технологии во Шенжен при Кинеската академија на науките и Шангајскиот универзитет „Жао Тонг“. Тие развиле јаглеродни квантни точки - наноматеријал создаден од селскостопански отпад како слама, лисја и плевели.

Материјалот ја претвора ултравиолетовата и зелената светлина - коишто растенијата тешко ги апсорбираат, во црвена светлина, што им овозможува поефикасно искористување. Дополнително, наноматеријалот ослободува дополнителни електрони што ја засилуваат фотосинтетичката електронска преносна верига, подобрувајќи ја целокупната ефикасност на процесот.

Тестовите покажале дека цијанобактериите изложени на материјалот фиксирале 2,4 пати повеќе јаглерод -диоксид и произвеле 2,2 пати повеќе глицерол. Кај растението ,,Arabidopsis” биомасата се зголемила за 1,8 пати.

Истражувачкиот тим планира дополнителни експерименти во поле. Почетните резултати покажуваат и дека материјалот може да го поттикне растот и на други растенија, како леќа, кикирики, пченка и соја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се возат во воз прилепчанец и Босанец. Му здосадило на Босанецот и му вели на прилепчанецот.
Окле си?
И прилепчанецов не одговара.
По некое време Босанецов пак:
Окле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1356.- Англиската армија предводена од Црниот...
1551.- Роден е францускиот крал Анри III,...
1802.- Роден е унгарскиот револуционер Лајош...
1833.- Црногорскиот владика Петар II Петровиќ...