Пронајдено срце старо 520 милион години

Група на научници објавија дека во југозападната кинеска провинција Јунан, го пронашле најстариот кардиоваскуларен систем на светот и тоа кај фосил налик на морски рак кој живеел пред 520 милиони години.

-Мошне ретко се случува и е необично така чувствителен органски систем да биде зачуван во еден од најстарите фосили, изјави за Ројтерс палеонтологот Сиао Ма од природно научниот музеј од Лондон.

Вообичаено меките делови на телото брзо се распаѓаат по смртта на организмот и она што останува се тврдите делови, како коските, забите и оклопот. Сепак, тоа не е случај за овој фосил.

Пронајденото срце фрла ново светло на еволуцијата на животните и покажува дека и денес и пред милиони години постојат големи сличности во внатрешните системи на организмите.

-Забележуваме дека уште пред 520 години крвниот систем бил прилично комплексен, особено кога станува збор за васкуларизацијата на главата. Тоа нè наведува на заклучок за добро функционирање на мозокот кај овој тип на организми требале да бидат добро снабдени со кислород, додава Николас Страусфилд од Универзитетот во Ариозна кој исто така зема учество во истражувањето.

Организмот на кој што му припаѓа зачуваното срце е Fuxianhuia protensa кој живеел во плитки мориња и најверојатно можел да плива, но и да оди по морското дно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...