Дали психопатите размислуваат поинаку?

Познато е дека многу луѓе сметаат дека познатите масовни убијци се лица кои од секогаш сакале да ги повредат блиските, уживајќи во тоа да сеат страв и не покажуваат ни малку каење. Главно се во право: масовните убијци се сметаат за агресивни психопати.

Меѓутоа, сите психопати не се насилни. Некои се само манипулативни, неискрени и неспособни за подлабоки емоции и затоа тешко се вклопуваат во општеството.

Познато е дека психопатите поинаку реагираат на стимулсите од околината, а со години наназад научниците се занимаваат со тезата дека причината за тоа се крие во нивните мозоци.

Едно истражување од 2003 година тоа го потврдило. Имено, тогаш се покажало дека кога нормалните луѓе лажат, скенерот кај нивниот мозок прикажува засилена активност во предниот дел од мозокот, додека кај психопатите тоа не е случај.

Исто така во 2006 година било спроведено истражување кое покажало дека психопатите не сочувствуваат со другите луѓе, ниту можат да ги разберат, почувствуваат и соодветно да реагираат на туѓата несреќа. Научниците сметаат дека психопатите не ги регистрираат туѓите знаци на вознемиреност.

Поточно, кога им покажале фотографии на лица на вознемирени луѓе, во деловите на мозокот за преработка на слики и регистрирање на изразот на лицата, немало дополнителни невронски активности. Дури повеќе реагирале на неутралните изрази на човечки лица.

Земајќи го сето тоа предвид истражувачите заклучиле дека кај психопатите невролошките патишта кои служат за анализа на знаци за несреќа, болка, непријатност, страв или некоја друга негативна состојба кај другите луѓе или целосно се нефункционални или работат на сосема поинаков начин од тие кај нормалните луѓе.

Сепак, се работи само за делумни сознанија за кои истражувачот др. Никола Греј своевремено изјавил: - Се уште ни треба многу време да сфатиме што да правиме со сите тие информации.

Ѓаволска секвенца

Двајца математичари М. В. Симкин и В. П. Ројчовдури од Универзитетот Калифорнија, потврдија дека примерите за убиствата кои ги прават сериските убијци се во согласност со Канторовата функција, т.е. строга математичка формула, популарно наречена ѓаволски скали. Утврдиле дека сериските убијци се држат до одреден ритам на кој влијае работата на невроните во мозокот. Т.н. ѓаволски скали или Канторова функција е пример на континуирана функција, но не во целост, бидејќи ја прекинуваат одредени неправилности. Кај сериските убијци тоа се подолги временски периоди, прекинати со покуси периоди со многу жртви.

 


Канторовата функција

Истражувањето било спроведено на руски сериски убијци.

Мозочните клетки на сериските убијци се слични како кај луѓе кои страдаат од епилептични напади, а претераната невронска активност ги тера на напад.

Убијците најчесто напаѓаат по веќе извршено убиство, а истражувачите веруваат дека причина за тоа е зголемени невронски импулси по тој чин. Колку периодот на затишје е подолг, толку веројатноста за напад се намалува.

И кај епилептичниот и психотичниот напад се јавува симултана активност на голем број на неврони во мозокот, а експертите веруваат дека таквата активност на сличен начин ги тера сериските убијци да го повторат своето недело.


Андреј Чикатило

Рускиот сериски убиец Андреј Чикатило убил вкупно 53 луѓe од 1978 до 1990 година. Најкусиот период меѓу две убиства бил три дена, а најдолгиот 986 дена. Таквите неправилни, подолги интервали без убиства, прекинати се со куси периоди со голем број на убиства што одговара на формулата ѓаволски скали.

Слично се однесувале и Џек Трбосек и Питер Сатклиф, убијци од Јоркшир.

Убиството на убиецот делува како седатив, па тој убива откако невронската активност ќе го достигне врвот, како и додека го подготви планот за ново убиство, тврдат научниците.

Индекс – Загреб



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...