Идеја на белградски архитект: Со струја до вештачки корални гребени

Големиот Корален Гребен во Австралија е еден од најубавите и најголемите корални гребени во светот кој е настанат како резултат на активност која траела околу 10 илјади години.

Овој и сличните гребени се дел од најбогатите екосистеми на планетата кои изобилуваат со најразлични видови на риби и се живеалиште на илјадници подводни растенија.

Сепак, со текот на годините и под влијанието како на човекот така и на природата, овие гребени се изложени на уништување.

Белградскиот архитект Маргот Красојевиќ верува дека нејзиниот концепт за создавање на вештачки гребени под дејство на електрично поле, засекогаш ќе го измени тоа. Нејзиниот вештачки корален гребен го привлекува калциум карбонатот од водата што пак помага да се забрза процесот на размножувањето на коралот.

Красојевиќ го замислува гребенот на иднината како голема подвижна челична конструкција која што ќе биде поврзана со сончеви панели на површината од водата. 

На деловите кои ќе бидат под водата ќе има корал кој под дејство на струјата и калциумот од водата понатаму ќе може да се размножува.

Конструкцијата треба да има мал напон за да им овозможи на нуркачите слободно да се движат околу гребенот. Иако идејата за почеток звучи и изгледа мошне футуристички, несомнено е дека станува збор за интересен концепт кој може да помогне во зачувувањето и создавањето на богатиот подводен свет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...