Коските покажаа што сè правел кралот Ричард III

Тестовите направени на неодамна пронајдените посмртни останки на кралот Ричард Трети, покажаа дека средновековниот монарх сакал да ужива во добра храна како и во добра капка алкохол.



Според резултатите од анализата, пред се обожувал да јаде месо од паун, чапја, но и од лебед. Уживал во вкусовите на доброто вино, а неговата консумација значајно се зголемила откако станал крал на Англија, пишува Си-Ен-Ен.

Научниците од британскиот Геолошки институт, на неговите посмртни останки го мереле нивото на изотопи, вклучувајќи кислород, стронциум, водород и јагленород, а според нивните зборови ваквите анализи на посмртните останки се еднакво точни како и оние правени врз живи луѓе.

Токму ваквите анализи им овозможуваат на научниците и историчарите поблиску да ја запознаат историјата низ животниот тек на секој крал.

Не се знаеше каде е телото на кралот се додека не го открија археолозите од универзитетот во Леичестер во 2012 година, под едно паркиралиште. Го препознале по искривениот рбетен столб и раните на главата, а го идентификуваа со помош на ДНК.



Анализата исто така покажа дека исхраната на Ричард драстично се променила после неговото крунисување во 1483 година.

Ричард Трети, злогласен макијавелистички грбавец од Шекспировата драма, беше последниот англиски монарх кој загина во битката на Босфорското поле крај Леичестер во 1485 година.

Со неговата смрт престана да постои династијата Плантагенет, која владееше 300 години. Со таа битка е ставен крај на 30-годишната борба за власт наречена Војна на Розите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...