Oзонскиот слој се опоравува

Научниците велат дека развојот на ситуацијата покажува дека кога светот ќе се обедини, може да ги реши зовриените еколошки кризи.

 

Првпат по 35 години, научниците можат да потврдат статистички значаен и одржлив пораст на озонот во стратосферата, кој ја штити планетата од соларната радијација која предизвикува рак на кожата, предизвикува штети на посевите и други проблеми.

Од 2000 до 2013 година, нивото на озон се покачило за четири проценти во клучните и северни висини до 48 километри, вели Пол Њумен, научник од Наса. Тој претседава со телото кое прави проценка на озонот и која се прави на секои четири години од 300 научници, а извештајот го објавуваат Обединетите Нации.

- Ова е победа за дипломатијата и за науката, и на фактот дека можеме заедно да работиме, рече хемичарот Марио Молина. Во 1974 година, Молина и Шервуд Роланд напишаа научна студија со кој се изложува проблемот со истенчувањето на озонот. Тие во 1995 година ја добија Нобеловата награда за хемија за нивниот труд.

Озонскиот слој се истенчува уште од крајот на 70-ите. Од човекот биле направени хлорофлуорокарбони, наречени ЦФЦ, кој ослободуваат хлор и бромин и кој ги уништува молекулите на озонот во воздухот. Отако научниците го вклучија алармот, земјите низ светот се согласија на договроот од 1987 година со кој се забранува користењето на ЦФЦ. Денес нивоата на овие хемикалии помеѓу 48 и 80 километри се во опаѓање.

Од ОН во првичните извештаи процениле дека без обединување за решавање на овој проблем, до 2030 година годишно ќе има по два милиони нови случаи на рак на кожата во светот.

Парадоксално, но гасовите со ефект на стаклена градина – и кои се сметаат за главен проблем за глобалното загревање – исто помагаат во поправањето на озонскиот слој, вели Њумен. Во извештајот стои дека повисоките нивоа на јаглерод диоксид и на други гасови ги ладат повисоките слоеви на стратосферата, а студениот воздух го зголемува нивото на озон.

Но постои друг загрижувачки тренд со хемикалиите кои го заменија ЦФЦ, и кои придонесуваат за глобалното загревање и се повеќе се користат, вели Сузан Соломон, научник за атмосферата во МИТ. Во овој момент, тие не прават голема штета, но се очекува до 2050 година тие драматично да пораснат и да дадат „голем придонес“ во глобалното загревање.

Озонскиот слој е далеку од опоравен. Долговечните хемикалии кои го јадат озонот сеуште постојат во атмосферата и годишно придонесуваат до екстремност за проширување на озонската дупка над Јужната хемисфера, а дупката не се затвора. Исто така озонскиот слој сеуште е околу шест проценти потенок отколку во 1980 година, стои во пресметките на Њумен.

Нивоата на озон се „одат во нагорна линија, но сеуште не се таму“, вели тој.

Акин Стејнер, извршен директор во Програмата за животна средина на ОН, вели дека има охрабрувачки знаци дека озонскиот слој „е на пат да се опорави до средината на веков“.

Стејнер напорите за отстранување на супстанциите кои го уништуваат озонот ги нарече „една од најуспешните приказни за меѓународна колективна акција во справувањето со феноменот на глобални еколошки промени“.

- Повеќе од 98 проценти од супстанциите кои го осиромашуваат озонот и за кои беа постигнати договори во изминативе децении, се скоро исклучени, рече тој. Ако нема ваков обид, вели Стехјнер, „денес ќе бевме сведоци на целосно глобално осиромашување на озонот“.

Пол Вапнер, професор за глобални еколошки политики на Универзитетот Америкен, вели дека овие откритија се „светла вест во инаку мрачната ситуација“, и испраќаат порака на надеж до светсите лидери кои ќе се сретнат на крајот на месецов во Њујорк на самитот на ОН за климатски промени.

- Овој преседан е навистина важен, затоа што светот се соочува со уште еден сериозен глобален еколошки проблем, имено со климатските промени, вели Молина, професор во Сан Диего и во Мексико сити. Седумдесет и една година стариот научник рече дека не мисли оти ќе го доживее денот кога озонскиот слој ќе биде сосема заздравен.

На почетокот на неделава, Обединетите Нации најавија дека атмосферските нивоа од главниот гас во стаклена градина, јаглерод диоксидот, во 2013 година достигнале рекордно ниво. Порастот во споредба со 2012 година бил најголемиот скок во изминатите три децении.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...