10 животни мистерии кои науката не може да ги објасни

Иако науката во последните неколку децении напредува со незамислива брзина и има разјаснето многу енигми на животот, дел од нив сепак остануваат потполна мистерија.

Ви претставуваме неколку проблеми за кои научниците се уште немаат одговор.

Зошто кравите додека пасат се свртени кон север или кон југ?

Научниците прегледале илјадници фотографии од крави кои пасат добиени преку Google Earth сателитот и откриле дека овие животни секогаш стојат долж Земјените магнетни полиња свртени кон север или кон југ. Никој нема одговор зошто е тоа така.

Иако од претходно е познато дека некои животни имаат т.н. внатрешен компас, ова е прв пат истиот да биде детектиран кај крупните цицачи.

Зошто некои цицачи се вратиле да живеат во вода?

Копнените облици на живот еволуирале од водните и добиле екстремитети кои им овозможуваат да го движат телото. Но, зошто некои од нив, како далечните предци на китовите и фоките, одлучиле да се вратат во морињата?

Едно е сигурно – многу е потешко копнените животни да се прилагодат во море отколку обратно, со оглед на тоа што движењето во вода бара многу поголема енергија отколку на копно. Токму затоа научниците ги мачи ова прашање.



Исто така, морските цицачи развиле поефикасен метод за навигација со опашката, што доведува до прашање зошто воопшто се обиделе да се приспособат на копно.

Алкалоидите во растенијата

Научниците сè уште не знаат зошто билките содржат алкалоиди. Инаку, овие супстанци, од кои најпознатиот е морфиумот, ги има во околу 7000 видови и можат да предизвикаат разни рекации на организмот после нивната консумација.

Во случајот на афионот, кој содржи морфиум, научниците сметаат дека истиот служи за одвраќање на грабливците, но како тој аналгетик може да помогне во заштита на растението, никому не му е јасно.

Зошто цвеќињата растат насекаде?

Навикнати сме да ги гледаме цветчињата на секоја тревна површина, но она што е интересно е дека некогаш одамна истите ги имало многу помалку. Цвеќињата имаат превземено и други видови на билки во краток прериод пред околу 400 милиони години, а денес сочинуваат 90 проценти од сите видови на растенија на оваа планета.



Зошто биодиверзитетот е најголем во близината на екваторот?

Како што се приближувате од ладните делови на Земјата кон еквадорот, ќе можете да забележите повеќе растителни и животниски видови. Тоа прв го воочил прускиот истраживач Александар фон Хумболт пред околу 200 години, но тој не успеал да пронајде одговор на ова прашање.

Иако се предложени 30-тина хипотези, научниците ни денес не можат да пронајдат едногласен заклучок за тоа.

Парадоксот на фитопланктоните

Фитопланктоните припаѓаат на класата на организми кои ги населуваат морињата и океаните и вклучуваат бројни подвидови. Овие билки кои пловат, се развиле во толку многу различни облици, што на научниците не им е јасно како успеале да преживеат, со оглед на тоа што нивните ресурси се многу ограничени. Сепак, фитопланктоните и понатаму се тука.

Проблемот не се ограничува само на нив, туку и на други бројни организми кои живеат од ограничени количини на нутриенти во морските води.

Како аргентинските мравки одржуваат колонии ширум континентите?



Аргентинските мравки изгледаат како сосема обични инсекти. Но, тие се единствен вид, покрај луѓето, кои успеале да колонизираат три континенти. Сите три супер-колонии на овие мравки во Европа, Јужна Америка и Азија, се состојат од мравки кои имаат исти генетски особини и во сиштина се иста мравја популација.

Инаку, тие одлично ги препознаваат припадниците на својот вид, а кон другите се многу агресивни. Нивниот генетски код не се променил илјадници години, што е многу необично, со оглед на тоа што организмите обично брзо еволуираат надвор од својата матична територија.

Мистериозниот човечки предок

Потеклото на модерниот човек е детално проучувано изминативе години, благодарение на што имаме многу нови сознанија за нашите предци. Но, сето она што сме го научиле до сега оди под знак прашање откако се откриени нови траги на ДНК кои се сосема поинакви од оние со кои експертите до сега биле во допир. Овие траги од ДНК се пронајдени во остатоците на денисованите, хоминиди блиски на неандерталците.



Иако и за денисованите е познато многу малку, барем имаме претстава од каде потекнувале и каде се населувале. Но, за видот кој живеел и се вкрстувал со нив пред 30.000 години немаме никаква претстава.

Животни кои живеат без кислород

Речиси на сите организми на Земјата потребен им е кислород во одреден облик. Токму затоа научниците биле изненадени кога пронашле животни во длабочините на Средоземното море на кои овој гас воопшто не им е потребен.

Станува збор за ситни животни за кои научниците еволуирале на начин да можат да опстојуваат од солта.

Претходно не била позната ниту една класа на повеќеклеточни организми која може да преживее без кислород, па научниците не знаат ништо за нивната еволуциска историја.

Сексуална репродукција

Освен одредени видови бактерии и растенија, речиси сите живи суштества на светот се размножуваат по сексуален пат. Овој факт го земаме толку здраво за готово, што не воочуваме колкава еволуциска аномалија е тоа.



Половина од секој вид – мажјаците – не се во состојба да дадат потомство, а користат иста количина ресурси во околината. Зошто е тогаш вложен толкав труд во развојот на механизмот, кој очигледно има свои недостатоци?

Многу од научниците предност и’ даваат на теоријата дека сексот ја намалува шансата за развој на штетни мутации, но тоа веројатно не е вистинската.

Кога научниците проучувале 700 гена на различни организми, откриле дури 0,5 штетни мутации по генерација. Ова значи дека тој аргумент не е доволен да ја оправда сексуалната репродукција. Сексот и понатаму е нешто што научниците не го разбираат во потполност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...