Тимот на НАСА е во план да создаде роболигња чија задача ќе биде да пронајде вонземски живот во подземните океани на месечината Европа.
Во суштина станува збор за ровер во форма на лигња што преку кратка антена ќе се напојува со енергија од околните магнетски полиња.
-За Европа и сличните средини препорачуваме ваков тип на роботика што овозможува реализација на научни истражувања и мисии кои не може да се постигнат со соларна или нуклеарна енергија, објаснува Мејсон Пек, еден научниците кои го развиваат концептот.
Преку процес на електролиза во машината ќе се произведува мешавина од водород и кислород што потоа ќе се акумулира во телото и екстремитетите. Палењето на гасот ги шири внатрешните комори, што пак предизвикува промена во формата на роболигњата за подобро прилагодување на средината.
Овој концепт е еден од 15-те предлози кои се разгледуваат од страна на одделот на НАСА за Иновативни напредни концепти, програма чија цел е да ја претвори научната фантастика во научна реалност.
Месечината на Јупитер има водена структура со океани кои се протегаат и до 100 километри во длабочина. НАСА има во план да ги истражува овие океани во потрага по вонземска форма на живот.