Вонземјаните од планетата Zeeba не се движат кон Земјата и нивниот напад не треба да го очекуваме во ноември, потврди Сет Шостак, главниот астроном на програмата „Потрага за вонземска интелегенција“ SETI, за Njuz.net.

Веста за нападот на вонземјаните во ноември, која денес се појави скоро на сите информативни портали, не е точна, тврди др. Шостак.
- Веста до медиумите дојде преку австрискиот магазин „Естерајх“, која потоа беше пренесена од WeeklyWorldNews.com, сајт кој понекогаш знае да пушти ваква слична вест, рече Шостак.