Набљудувачи кои детално ги прегледуваат фотографиите на американската вселенска агенција НАСА забележаа „ангел“ како кружи околу сонцето.
Сопственикот и уредник на страницата која се занимава „вонземјани“, НЛО-а и слични работи, Скот Ц. Ворнинг вели дека постојат две можни објаснувања за „ангелите“ на фотографијата.
- Првото објаснување е дека тоа би можело да биде НЛО во форма на ангели кој се движи директно кон Сонцето, веројатно да собира енергија. Втирити објаснување е дека тоа е навистина ангел два пати поголем од Земјата, вели Ворнинг.
Ова второто објаснување може да биде поверојатно за Американците кои дури 80 отсто во последната анкета на CBS откриле дека веруваат во ангели.
Тие сметаат дека духовите се битија создадени од Бог за да му служат и тие се пратени од Бога за да пазат на луѓето.