Обезбеден е фонд од 8.000 евра за отворање на две нови е-училници

Фондацијата е-Македонија го продолжува проектот „е-Училници“

Фондацијата е-Македонија, основана од Македонски Телеком, распишува повик за прибирање на барања зa поддршка на проекти преку кои на социјално загрозените граѓани ќе им се овозможи бесплатно да стекнат основни познавања за работа со компјутери. Доставените барања за поддршка од страна на Фондацијата треба да се однесуваат на отварање на e-училница, кадешто целната група ќе научи да работи со компјутери (Word, excel и сл.), ќе се здобие со знаење за предностите на Интернетот, електронска пошта и сл.

Фондацијата е-Македонија обезбеди фонд од 8.000 евра за отворање на две нови е-училници. Поточно, Фондацијата обезбедува целосно или делумно финансиски средства за отворање на секоја е-училница, но и техничка поддршка со опрема за реализација на настава, како и интернет конекција за целосно функционирање на опремата.

Заинтересираните организации пак, коишто ќе аплицираат за отворање на е-училници, имаат обврска да обезбедат локација за одржување на наставата и обучувачи. Проектите, коишто ќе се поддржат од страна на Фондацијата, ќе бидат избрани според придонесот за подобрување на знаењето за работа со компјутери на социјално изолираните групи, времетраење на проектот, досегашно искуство во реализација на слични проекти, вклученост на стручни лица во проектот итн.

Заинтересираните организации можат да се пријават за поддршка на своите проекти преку апликација којашто е објавена на веб страницата на Фондацијата www.e-makedonija.org.mk. Пополнетата апликација треба да се испрати на kontakt@e-makedonija.org.mk. Повикот за аплицирање ќе биде отворен до 26 јуни, а обуките на граѓаните ќе се реализираат во периодот од септември-декември 2015 година.

Фондацијата е-Македонија го започна проектот „е-Училници” во 2012 со цел да им овозможи на социјално загрозените граѓани бесплатно да дојдат до основни познавања на работа со компјутери. Преку овој проект досега се едуцираа околу 400 граѓани од Република Македонија, а се уште е активна е-училницата во Радовиш.

Целта на проектот „е-Училници“ е да им се понуди на социјално загрозените лица пристап до информации, социјална интеракција, подобрување на образовните стандарди и нивоата на вештини, а со тоа промовирање на можностите за вработување. Истовремено, идејата на Фондацијата е-Македонија е да се создаде сеопфатно дигитално општество, во кое сите можат да ги истражуваат можностите и придобивките од новите технологии, да имаат слободен пристап и да споделуваат информации и услуги, како и да можат да учествуваат во заедницата на поефикасен начин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...