Дали новиот iPhone ќе ја полни батерија на сончева енергија

Apple поднесе барање за заштита на технологијата која би користела соларни келии во сензорите на допир во своите уреди и компјутери.

Иако Apple е познат по тоа да ги патентира своите идеи, непознато е тоа дали ќе ја видиме оваа технологија во новиот iPhone или со ова само ја заплашува конкуренцијата.



Компанијата до сега има повеќе од 16 иновации поврзани со соларните полнења за идните производи од периферија, компјутери па се до самите паметни телефони.

Интересно е дека се шушка како оваа технологија може да заживее веќе на следниот телефон, каде соларните келии би биле вградени под екранот чувствителен на допир.

Новиот iPhone 7 би требало да има и нешто поголем екран што оди во прилог на идејата за соларно полнење на уредот.

Старите модели имаа малку простор над и под екранот за нешта како што е “home“ копчето, но на новиот модел тој дел од просторот би можел да биде отстранет, што укажува на тоа дека токму iPhone 7 е идеален за нова технологија.



Факт е дека компанијата бара нови начини за подобрување на траењето на батеријата, а ова е само една од многубројните идеи кои се развиваат во нивните лаборатории.

Исто така новиот iOS 9 има и нова опција која нуди можност за заштита на батерија, односно продолжување на траењето на батеријата на начин автоматски да се гасат позадинските апликации кои трошат ресурси.

Се на сè, ќе биде интересно да се види во која насока ќе се развива Apple и дали воопшто ќе ја видиме можноста на полнење на уредот преку сончевата енергија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...