Ветераните на Apple и Google најавуваат нов телефон

Компанијата Nexbit, која ја водат поранешните вработени во Google, Amazon, Apple и HTC планира да го претстави својот прв Android паметен телефон на први септември.



Во интервјуто кое го дадоа претставниците на компанијата изјавија дека уредот ќе чини помеѓу 300 и 400 долари.

“Вашиот телефон со текот на времето ќе функционира се подобро и подобро поради постојаното подобрување на софтверот“, соопштија од компанијата.

Шефот на технолошкото одделение Мајк Чен, некогашен член на Android тимот, вели дека вработените во компанијата се насочени на тоа уредот да го прилагодат на корисникот. Не прецизираше што под тоа точно подразбира.

Поранешните извештаи сугерираа дека компанијата ќе вклучи специјален софтвер кој му овозможува на корисникот да ја сочува апликацијата во било која форма и ја префрла на другите уреди.

Компанијата ќе мора да направи многу повеќе од тоа само да ги копира постоечките можности на паметните телефони, за да ги импресионира купувачите на се поконкурентниот пазар.

HTC скоро не се ни забележува, профитот на Samsung опаѓа, OnePlus почнува да нуди се повеќе опции за помалку пари, а кинеските компании како Huawei, Xiaomi и ZTE стануваат се порамноправни во трката по купувачи.

Сепак, од компанијата се самоуверени.

“Заморот на пазарот на телефони е реален, затоа правиме нешто поинакво“, тврди извршниот директор на компанијата Том Мос.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...