Хакната страница за љубовни афери: Еве каде има најмногу прељубници

Објавени податоците за милиони корисници на специјализираната страница за запознавање и дружење на луѓе во брак „Ешли Медисон“, што беше хакиран од групата „Импакт Тим“. 

Хакерите објавија информации за идентитетот на 37 милиони корисници на страницата за љубовни афери од цел свет. Информациите содржат милиони електронски адреси, телефонски броеви, како и сметки за плаќање на услуги. 

- Податоците делуваат автентични. Содржат имиња на корисници, нивните шифри, броеви на кредитни картички и уште многу други информации, изјави Дејв Кенеди од агенцијата за онлајн безбедност „ТрастедСек“ и додаде дека тоа може да предизвика катастрофални последици за корисниците на оваа страница. 

Според Кенеди, околу 15.000 корисници дале податоци поврзани со американската влада и војска. Страницата „Ешли Медисон“, чиј слоган е „Животот е краток, имајте афера“ има повеќе од 37 милиони корисници од 46 земји. Таа е формирана во 2001 година и е специјализирана за вонбрачни врски.

Околу 15.000 корисници се регистрирани со мејлови со кратенка .гов и .мил, што се официјални домени на американската војска и влада. Меѓу институциите погодени со скандалот се и универзитетите Харвард и Јејл, како и Ватикан и ОН. Некои од корисниците се вработени во големи компании како „Боинг“, „Џеј Пи Морган“, „Бенк оф Америка“ и „Сони“. 

Објавен втор дел податоци за корисници на „Ешли Медисон“

На помалку користен интерент север објавени е документ со име „Времето истече“, а автор е групата што се претставува како „Импакт Тим“, чија намера била да ги откријат сите прељубници на светот. 

Страницата „Ешли Медисон“, што е позната и како „Гугл за изневерување“, објави соопштение во кое хакерскиот напад го оцени како „криминален акт“, а целиот случај е предаен на ФБИ.

Хакерската група „Имапкт тим“ синоќа објави втор дел информации за корисници на специјализираната страница за запознавање и дружење на луѓе во брак „Ешли Медисон“. Компјутерски експерт, што ги преземал документите, изјави дека тие се автентични и вклучуваат компјутерска програма на страницата, внатрешни пораки и пораки до неговиот основач Ноел Бајдерман. Пораката на хакерите до Бајдерман гласи: „Здраво Ноел, можеш да видиш, дека сега е вистина“. Тоа е одговор на хакерите, откако првичната реакција во вторникот на компанијаат Авид Лајф медија, сопственик на интернет страницата „Ешли Медисон“, објави дека објавените податоци можеби не се автентични. Сопруги и сопрузи од целиот свет се соочуваат со вонбрачни афери на партнерите откако хакерската група „Импакт тим“, што пред еден месец ја проби заштитата на страницата вчера објави податоци за повеќе од 37 милиони корисници од 46 земји. Стотици службеници во американските власти, вклучително луѓе на важни функции во Белата куќа, Конгресот и агенции за спроведување на законот, користеле интернет во своите канцеларии за пристапување и плаќање на такси за членство на страницата. Министерот за одбрана Ештон Картер потврди дека Пентагон го разгледува списокот на луѓе, кои ги користеле воените адреси од електронска пошта, бидејќи неверството може да биде кривично дело согласно кодексот на армијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...