ВИСТИНСКА РЕВОЛУЦИЈА

Дојде и ова: Батерии кои траат засекогаш

Новите батерии би можеле да имаат многу поголем капацитет и да траат практично вечно, велат истражувачите.

Експертите од Технолошкиот институт од Масачусец и Samsung тврдат дека употребата на батеријата во цврста состојба, за разлика од постоечките течни електролити, може да се решат сите проблеми кои луѓето ги имаат со денешните батерии.

Најголем дел од електронските уреди од телефони до автомобили користат литиум-јонски батерии. Тие се добро решение, но имаат релативно мал капацитет и брзо се трошат, а секогаш претставуваат опасност од експлозија.

Сега истражувачите тврдат дека новите електролити во цврста состојба можат да бидат многу поефикасни и побезбедни за употреба.

“Сите пожари кои досега сме ги виделе на авионите, Тесла автомобилите и слично се случуваа поради течните електролити“, вели Гербранд Цедер, професор кој работеше на новиот материјал со уште пет истражувачи.

“Самиот литиум не е запалив, како што е случај во овие батерии. Со цврсти електролити нема безбедносни грижи, можете да ги фрлате на под, да ги удирате и нема да дојде до пожар“, објаснува професорот.

До сега развивањето на цврсти батерии беше отежнато бидејќи беше тешко да се пронајдат цврсти материјали кои ги спроведуваат честичките еднакво брзо како течноста. Но, тимот ги анализираше својствата на постоечките литиум-јонски материјали и пронајде состојки кои се доволно добри проводници.

Овие батерии покажаа многу подобри резултати во ладни услови, а е докажано дека траат стотина илјади циклуси.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...