Samsung плаќа да се откажете од iPhone

Samsung прилично суверено владее на пазарите за паметни телефони ширум светот, додека во САД Apple му е се уште сериозна конкуренција, па постојано бара нови начини да му ги преземе корисниците.

По лансирањето на Galaxy S6 edge+ и Note 5 уредите ова лето, компанијата малку почека да го види следниот чекор на Apple, а кога тимот од Купертино неодамна ги издаде своите нови телефони веднаш тргна во акција.



Затоа деновиве објави старт на промотивна акција наменета на сите претплатници на сите телеоператори во САД освен на AT&T, во која им понуди парична надокнада за преминување на своите уреди од други платформи.

Тоа значи дека до крајот на 2016 година на сите корисници на iOS и Windows Phone платформата ќе им плаќаат по 120 долари за претплатничките модели и тарифата која ја имаат кај наведените телеоператори, под услов да до 1 јануари 2016 година купат Samsung Galaxy S6, Galaxy S6 edge, Galaxy S6 edge+ или Galaxy Note5 во рамките на било кој план на претплата кај нив.



За уште посилно да „удрат“ на корисниците на Apple, Samsung на секој кој ќе се откаже од својот iPhine во корист на некој нов Galaxy уред, ќе му подарат и ваучер во вредност од 100 долари за купување на дигитална роба во Google Play.

Сега се чека одговор од Apple.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...