OLO го претвора вашиот телефон во 3Д печатач

Италијанската компанија Solido3D, во текот на овој месец ќе лансира crowdfunding кампања на Kickstarter, со цел на пазарот да доведе 3Д печатач под називот OLO, кој ќе ги користи паметните телефони за изработка на мали предмети.



Иако за сега италијанските инженери деталите за овој проект ги чуваат за Kickstarter, неодамна на Maker Faire саемот во Њујорк одржаа презентација на работењето на OLO печатачот, па успеавме да дознаеме нешто за овој прв светски smartphone 3Д печатач.

OLO користи пластична кутија со база од поларизирано стакло која се поставува над паметниот телефон, а во неа треба да ставите посебен вид на течна смола.

Количината на смолата ја одредува апликацијата на паметниот телефон, а се базира на моделот кој се изработува.



Над смолата се наоѓа друга пластична кутија која ја истискува, а таа всушност претставува срце на системот и соработува директно со апликацијата.

Во текот на печатењето и кутијата се подигнува и овозможува слој од смолата да помине преку малите дупчиња, а тука потоа се создава генијалната идеја, бидејќи смолата ја суши позадинското светло на телефонот, спрема LCD примерокот кој го создава апликацијата.

Со други зборови, вашиот паметен телефон овозможува целата течна смола при истискувањето и обликувањето во саканиот објект да стане крута со што се создава цврст предмет.

Од Solido3D велат дека во рамките на кампањата на Kickstarter, OLO печатачот ќе се понуди по цена од само 99 долари.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...