Википедија слави 15 години од постоењето

Со  приредување глобална забава со настани на шест континенти од денеска се слави 15-годишнината од работењето на Википедија, светската слободна енциклопедија што може секој да ја уредува.

Во Македонија, во организација на македонската вики заедница и Здружението за умножување на слободни содржини „Споделено знаење“ - македонскиот огранок на Википедија, денеска ќе има презентација и роденденска прослава со видеа и говори, панел дискусија, презентација на гостинска организација и презентација на Споделено знаење, проследени со забава, музика и пијалаци. В сабота, пак, ќе се презентира документарен филм за вовед во Википедија, обуки за уредништво и активизам, за слободни лиценци и авторски права и за Википедија како глобално движење.

Википедија беше пуштена на 15 јануари 2001 година. Оттогаш порасна на 35 статии на стотици јазици, со стотици милиони читатели ширум светот. Ја градат доброволци од целиот свет и секој месец има по 80.000 доброволни уредувачи. Википедија му служи на секому во севетот, на сите возраст и сите занимања и ја користат 28 отсто од сите жители на планетава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...