Домашен систем за складирање на енергија

На пазарот во последно време се почесто се нудат разни батериски и акумулаторски домашни системи за складирање на енергија, па дури и Tesla Motors одлучи да ги прилагоди своите батериски пакети за автомобили за домашни системи.



Eric Clifton, основачот на Orison, произведе истоимен домашен систем за складирање на енергија, кој првенствено го одликува симпатичен дизајн кој лесно се вклопува во домовите, иако изумителот го претставува и како енергетски најфункционален од сите на пазарот.

Orison пристигнува во две дизајнерски решенија, како систем кој стои (Orison Tower) и како ѕиден панел (Orison Panel), а двата системи имаат можност за користење на расветлување па гостите нема да се посомневаат дека се работи за акумулаторски системи.

Clifton наведува дека системот е многу паметен, па на пример е во состојба да складира енергија која навечер е поевтина како и да ја упатува во домашната мрежа кога е поскапа.



Освен тоа, Orison можете да го користите за складирање на енергија од обновливи извори (сончеви колектори, мини електрани), а дистрибуцијата на струјата на споените уреди ја управувате преку апликација за паметни телефони. И на крај Clifton ја истакнува и можноста за користење на функции за непрекинато напојување, па неговата струја во милисекунда ќе овозможи продолжување на работата на компјутерите или на гледањето на ТВ доколку снема струја.

Цената на уредот преку нарачка на Kickstarter се движи од 1200 долари за систем од 2,2 kWh, а испораката треба да започне наскоро.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...