Сензор за пот наменет за „вежбачи“

Инженерите од University of California, Berkeley измислиле сензор кој ги мери метаболитите и електролитите во потта, и резултатите ги испраќа на смартфон апликација.



Прототипот на овој сензор се состои од пет помали сензори споени со електрично коло кои ги мерат метаболитите (гликоза и лактат), електролитите (натриум и калиум), и температурата на кожата. Целиот сензор може да биде сместен во лента за на зглоб или глава, земајќи ги мерките за време на потењето на оној што го носи.



Креаторите се надеваат дека нивниот уред ќе може да детектира здравствени проблеми како што се заморот/истоштеноста, дехидрацијата и опасно високи температури на телото. Вообичаено за ова се зема примерок од крв, но со оваа технологија таа потреба би се елиминирала.



Во дизајнирањето на овој систем бил консултиран физиолог, професор за интегративна билогија на UC Berkeley, а бил испробуван врз волонтери кои правеле разни физички вежби во отворен и затворен простор (како што се возење на статичен велосипед и трчање на стаза во траење од неколку минути па до повеќе од еден час, и сл.)



Иако сега засега сензорот е способен да реагира само на пот (и е наменет за физички активни лица кои се занимаваат со некој спорт), во план е негово адаптирање за да може да се користи и на други телесни течности (за испитување на состојбата на оние кои имаат разни болести или повреди)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...