Microsoft работи на телефон со секундарен екран

Најновата гласина поврзана со Microsoft вели дека истражувачкиот одел на тимот од Редмонд, Microsoft Research се занимава со развој на паметен телефон кој ќе има секундарен екран.


За разлика од Yotaphone чиј секундарен е-инк екран се наоѓа на задниот капак на уредот, Microsoft наводно сака нивниот уред да има преклопен flip механизам на извлекување, што значи дека секундарниот екран ќе се наоѓа со примарниот кога ќе го отворите телефонот.

Покрај тоа, секундарниот екран на Microsoft ќе има функција на touchscreen, што значи дека нема да служи само за нотификации и листање на содржини како е-книги, туку на него ќе може да се работи на ист начин како и на примарниот екран.

Благодарение на тоа, секундарниот екран ќе може да се пренамени во touchscreen тастатура, за да можете полесно и побрзо да пишувате СМС, е-меил и други текстови.



Со оглед на тоа дека Microsoft не сака поради двата екрани батеријата на телефонот пребрзо да се испразни, секундарниот ќе биде е-инк, но не е јасно дали на него ќе може да се активираат сите апликации како на примарниот, при што основниот би се исклучил и со тоа батеријата дополнително би се штедела.

Освен овие информации не се познати други детали, а Microsoft скоро сигурно оваа гласина нема да ја коментира пред да го претстави уредот, што би требало наводно да се случи кон крајот на оваа година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...