Паметен часовник за деца

Деновиве истекува crowdfunding кампањата на Kickstarter, во која компанијата Doki Technologies успеа да собере 259.712 долари наместо бараните 20.000, што значи дека проектот е остварен со 1.298%, со што спаѓа меѓу најуспешните кампањи на овој сервис.

Со други зборови, се работи за паметен часовник за деца под називот DokiWatch, кој поседува 1,22 инчен екран чувствителен на допир, работи на Android и ги поседува сите важни функции за децата и нивните родители.

Часовникот кој содржи 3G радио (1900/2100 MHz) и Micro SIM slot, има локациско памтење за користење на GOS, WiFi, GSM, SOS копче и предна камера од 2 MP, по која најмногу се разликува од останатите паметни часовници за деца на пазарот.

Освен тоа тој е водоотпорен и не пропушта прашина по стандардот IP67, а меѓу хардверските спецификации можеме да ги наведен и 1,3 GHz двојадрениот Cortex-A7 процесор MediaTek (MT6627), 512 MB RAM, 4 GB простор за складирање како и батерија која се полни до 600 mAh.

Часовникот работи на Android 4.4, а Doki наведува дека во иднина ќе добива и надградба на firmware.



Откако на детето ќе му го купат часовникот, родителите на својот телефон треба да инсталираат апликација за Android или iOS уреди за да може локациски да ги следи децата и со нив да комуницира со видео, гласовна и текстуална порака. Освен тоа апликацијата овозможува на мапата на областа на која детето се движи да се постави виртуелна ограда, што значи дека веднаш ќе ве алармира ако ја напушти дозволената зона како игралиште или училиште.

За да му биде часовникот интересен на детето, опремен е со фитнес сензори кои работат во соработка со апликација на виртуелен домашен миленик. Тоа функционира на тој начин што дигиталниот миленик ќе биде здрав и расположен кога вашето дете прави физички активности и апликацијата ќе го награди со медали и беџови.

DokiWatch ќе се продава по цена од 179 долари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...